Достапни линкови

Муслиманското братство победник на изборите во Египет


Египетската изборна комисија соопшти дека партијата на Муслиманското братство освоила 47,18 проценти од гласовите на парламентарните избори. Според конечните резултати од парламентарните избори, партијата за Слобода и правда освоила вкупно 235 пратенички места во новото народно Собрание. Ултраконзервативната партија Салафист Ал Нур е на второ место со 121 место или речиси 25 проценти од гласовите додека либералната партија Вафд освои 9 проценти. Ова беа првите парламентарни избори во Египет по соборувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак во февруари минатата година. Изборите стратуваа во ноември и се спроведуваат во три фази.
XS
SM
MD
LG