Достапни линкови

Црногорците протестираат против поскапување на струјата


Неколку илјади граѓани на Црна Гора се собраа денеска на протест пред зградата на Владата во Подгорица поради тешката социјална и економска ситуација во таа држава, барајќи укинување на поскапувањето на електричната енергија.

Протестот го организираше Унијата на слободни синдикати со поддршка на Мрежата за афирмација на невладиниот сектор и неколку студентски организации.

Црногорскиот премиер Игор Лукшиќ изјави дека ја разбира желбата на организаторите на протестот да укажат на тешката социо-економска ситуација, но не се согласува дека треба да се протестира поради цената на електричната енергија.
XS
SM
MD
LG