Достапни линкови

Најмалку 13 луѓе убиени во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека најмалку 13 луѓе биле убиени низ земјата денеска. Петмина авганистански погранични полицајци загинале при напад од заседа во провинцијата Хират. Во друг напад загинал војник од мисијата на НАТО во јужниот дел на Авганистан а во одделен напад загинале 3 цивили при експлозија на бомба поставена на пат во провинцијата Хелманд. Во меѓувреме НАТО и авганистанските безбедносни сили убиле 4-ца бунтовници кои се обиделе да ја нападнат полициската станица во Пактиа.
XS
SM
MD
LG