Достапни линкови

Италија и понуди помош на Либија


Италија ќе им помогне на либиските власти да ги заштитат своите граници и нафтени објекти. Ова го изјави либискиот премиер Абдурахим Ал Кеиб по средбата со италијанскиот премиер во Триполи. Тој додаде дека министрите за одбрана на Италија и Либија потпишале договор за помош во создавање на систем за контрола во создавање на систем за контола на границите раководен од Либија како и обука за вработените особено за оние во нафтените објекти. Кеиб истакна дека со овој договор нема да се наруши либискиот суверенитет и дека нема да бидат присутни италијански војници во Либија.
XS
SM
MD
LG