Достапни линкови

Очевидци тврдат дека над 20 луѓе загинале во Нигерија


Полицијата соопшти дека 7 луѓе загинале при во серија бомбашки напади во нигеријскиот град Кано. Новинските агенции јавуваат дека очевидците тврдат оти изброиле 20 тела по нападите кои биле извршени на 8 локации вклучувајќи и полициска станица.
Полицијата по нападите воведе полициски час во Кано, град кој често пати е цел на исламистичката секта Боко Харам. Таа група ја презеде одговорноста за нападите за време на божиќните празници во црквата во главниот нигериски град при што загинаа 37 луѓе а речиси 60 луѓе беа ранети. Исламистичката Секта Боко Харан ги третира како неверници сите оние кои не ја следат нивнта строга идеологија, без разлика дали се тоа христијански или муслимански верници.
XS
SM
MD
LG