Достапни линкови

Словенечките партии и утре ќе преговараат за коалиција


Јанез Јанша

Јанез Јанша

Лидерите на петте словенечки партии се уште не се договориле за формирање на коалиција.Во денешното соопштение по одржаниот состанок е наведено дека до сега добро напредувале и лидерите изразуваат надеж дека ќе има резултат од преговорите.
Поранешниот премиер и лидер на Словенечката демократска партија Јанез Јанша изјави дека преговорите околу тоа прашање ќе се одвиваат и утре.

Словенечкиот претседател Данило Тирк по парламентарните избори местото мандатар му го довери на лидерот на првопласираната Позитивна Словенија и на градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ кој минатата недела не доби апсолутно мнозинство во Парламентот.

Доколку новиот премиер не биде избран до крајот на месецот, претседателот може да го распушти Парламентот и да закаже предвремени избори.
XS
SM
MD
LG