Достапни линкови

Битките во Сирија не престануваат


Сириски активисти соопштија дека денеска загинале најмалку 11 луѓе при експлозија на минибус кој превезувал затвореници во северозападната провинција Идлиб. Сириската организација за заштита на човековите права базирана во Лондон не соопшти повеќе информации за инцидентот. Во меѓувреме во Сирија се одвиваат борби на војската со војниците дезертери кои се дел од антивладините демонстранти. Според извештајот на телевизиската мрежа Ал Џезеира битките се водат во близина на границата со Турција.
XS
SM
MD
LG