Достапни линкови

logo-print

Иран: военото присуство на САД во Заливот не е ништо ново


Иранската револуционерна гарда оцени дека разместувањето американски воени бродови во Персискиот залив е рутинска активност за Соединетите држави. Заменик командантот на Гардата Хосеин Салами изјави дека не станува збор за нешто ново. Неговите коментари, како што оценуваат посматрачите, имаат за цел да ги ублажат неодамнешните предупредувања на Техеран упатени до Вашингтон да остане надвор од регионот. Иран се закани дека ќе го блокира Ормузскиот теснец, доколку Западот воведе нови санкции.
XS
SM
MD
LG