Достапни линкови

Во Хрватска протест против влезот во ЕУ


На денешниот собир во Загреб против влезот на Хрватска во Европската унија во Загреб што го организира Движењето ,,За Хрватска, Не во ЕУ,, дојшло до судир меѓу полицијата и учесниците. Полицијата интервенирала кога неколкумина граѓани се обиделе да го симнат знамето на ЕУ. Притоа биле приведени неколку луѓе. Ова движење ги повика граѓаните на утрешниот референдум да се изјаснат против приемот на земјата во ЕУ. На вториот референдум од осамостојувањето на земјата право на глас имаат повеќе од 4,5 милиони хрвати кои ќе се изјаснуваат за влезот во ЕУ со која Хрватска преговараше од октомври 2005 година до октомври лани, кога беше потпишан Предпристапниот договор. Доколу граѓаните гласаат за ЕУ, Хрватска на 1 јули 2013 ќе стане полноправна членка на Унијата. За таа одлука е потребно од вкупниот број гласачи кои гласале на референдумот, најмалку 50 насто, плус еден гласач да се изјаснат за пристапување на Хрватска во ЕУ.
XS
SM
MD
LG