Достапни линкови

На ЕП во ракомет Македонија против Данска


Македонската ракометна репрезентација во втората фаза од Европското првенство денеска во Белград, со почеток во 18 часот и 15 минути, ќе игра против репрезентацијата на Данска. Оваа селекција во 2008 година стана европски шампион, победувајќи ја во финалето репрезентацијата на Хрватска со 24 спрема 20 голови. Данците беа шампиони до 2010 кога Франција по втор пат стана првак на Европа. На светското првенство во минатата година по девет победи едно подруго Данска во финалето загуби од Франција. Во текот на ова Европско првенство Данска претрпе два пораза и тоа од Србија и од Полска, но со победата врз Словачка се пласира во вториот дел, без ниту еден бод. В понеделник Македонија ќе игра против Полска, а в среда со домаќинот Србија.
XS
SM
MD
LG