Достапни линкови

Поранешниот адвокат на Клинтон ќе го брани Мегааплоуд


Еден од најпознатите американски адвокати Роберт Бенет ќе ги брани сопствениците на сајтот Мегааплоуд против кои е покренато обвинение за дистрибуција на пиратски содржини. Бенет е познат по тоа што му беше адвокат на Бил Клинтон за време на неговиот претседателски мандат во постапката која се водеше против него за сексуално вознемирување на Паола Џонс. Американските власти вчера ја затворија една од најпосетените интернет страници за размена на материјали Мегааплоуд поради пиратерија. Сопствениците на сајтот се уапсени, а нивниот имот запленет.
XS
SM
MD
LG