Достапни линкови

Мајер: Балканот се помалку важен за САД


Американскиот експерт за Балканот Стивен Мајер во интервју за српскиот весник Новости смета дека конечната мапа со границите на Балканот не е нацртана и оти во случајот Косово, Западот мора да го прифати тоа решение кое заеднички ќе го постигнат Белград и Приштина. Косово, како што наведува Мајер, станал замрзнат конфликт и затоа „ниту Белград, ниту Приштина не можат натаму“. Балканот, според неговите оценки, им бил се помалку важен на Соединетите држави. На прашањето каде уште на Балканот е можно прекројување на границите, Мајер ја спомнува Македонија, а пред се Босна и Херцеговина која, како што вели, преживува само поради постојаниот притисок од Запад.
XS
SM
MD
LG