Достапни линкови

logo-print

Косово: Самоопределување не се откажува од протестите


Од протестот на Самоопределување, 14.01.2012.

Од протестот на Самоопределување, 14.01.2012.

Движењето Самоопределување синоќа соопшти дека не се откажува од протестите најавени за утре на границата со Србија иако вчера Собранието на Косово усвои одлука со која на владата и се наложува да воведе реципрочни мерки со Србија. Парлaментот на барање на Демократската партија на премиерот Хашим Тачи усвои нова одлука со што се поништува претходно усвоената што беше предложена од движењето Самоопределување кое на 14 овој месец се обиде да го блокира протокот на стока од Србија кон Косово.
XS
SM
MD
LG