Достапни линкови

Во Берлин состанок за храната во светот


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска во Берлин ќе учествува на состанок на министри за земјоделство што се одржува во рамките на Меѓународниот саем „Зелена недела“. На собирот ќе присуствуваат министри за земјоделство од преку 70 земји, експерти, како и претставници од науката, но и од најголемите светски бизнис корпорации. Во фокусот на годинашниот состанок ќе биде креирањето нови стратегии за обезбедување доволно храна во светот.
XS
SM
MD
LG