Достапни линкови

Двајца руски дипломати протерани од Канада


Двајца руски дипломати ја напуштиле Канада поради сомнежи дека биле шпиони, јавуваат новинските агенции. Руската амбасада во Отава демантира дека нивното заминување имало врска со последниот шпионски скандал. Во понеделникот канадските власти го обвинија разузнавачот во канадската морнарица капетан Џефри Пол Делисл за предавање тајни документи на неименуван странски државјанин.
XS
SM
MD
LG