Достапни линкови

САД би можело да ја затворат амбасадата во Дамаск


Претставници на американската администрација најавија дека Вашингтон размислува да ја затвори амбасадата во сиријскиот главен град Дамаск поради влошената безбедносна состојба. Вашингтон верува дека претседателот Башар ал Асад веќе нема целоснa контрола во земјата. Најмалку шест луѓе биле убиени вчера во Сирија каде што веќе неколку месеци траат напорите на режимот со употреба на сила да ги задуши протестите против владеењето на Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG