Достапни линкови

logo-print

Посебни возови за навивачите Скопје - Белград


Утре, в понеделиник и во среда на релација Скопје – Белград – Скопје ќе сообраќаат специјални возиови со цел да им се излезе во пресрет на навивачите кои што ќе сакаат да ја бодрат Македонската ракометна репрезентација во втората фаза на Европското Првенство.
Од Скопје возот ќе тргнува во 6 часот наутро, а во Белград се пристигнува во 15.25 часот. За назад возовите тргнуваат во 23.30 часот од Белград, а во Скопје пристигнуваат во 7.50 часот.
Покрај вонредните линии, на релација Скопје- Белград- Скопје секојдневно сообраќаат две редовни линии. Возовите од Скопје за Белград тргнуваат во 8.20 часот и во 20.10 часот, а во Белград стигнуваат во 17.58 односно 5.43 часот. Од Белград за Скопје тргнуваат од 21.50 часот и во 7.50 часот.
Од македонски железници известуваат дека цената на повратен билет на оваа релација за посебната линија ќе изнесува 2018 денари
XS
SM
MD
LG