Достапни линкови

Македонските „шкорпии“ се вратија од 6 месечна мисија во Авганистан


На аеродромот „Александар Велики“ со специјален лет изутрината пристигна контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада кој учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан во изминатите шест месеци.
Единаесеттата ротација во која АРМ учествува со чета во најголемата мисија на НАТО, „Шкорпиите“ на АРМ ја завршија успешно, се подвлекува во соопштението. Во изминатите шест месеци шкорпионите извршуваа сложени задачи пред се за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул, но и многу други задачи во кои тие ги покажаа високата обученост и оперативна способност, за што најдобра потврда се и првичните високи оценки од командните структури на Алијансата.
XS
SM
MD
LG