Достапни линкови

Во понеделник ЕУ ќе расправа за Западен Балкан


Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во понеделник во Брисел ќе разговараат за ситуацијата на Западниот Балкан, а особено за дијалогот меѓу Белград и Приштина, соопшти денеска Европскиот совет.
На дневен ред е предвидено министрите претпладне да го сослушаат извештајот на Високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон за досегашните резултати од дијалогот Белград-Приштина и за ситуацијата на Косово.
На министерскиот состанок исто така ќе стане збор за ситуацијата во Иран и ќе го разгледаат воведувањето санкции, соопшти денеска Европскиот совет.
XS
SM
MD
LG