Достапни линкови

logo-print

Најмногу гласови за Барокна фасада за владата на РМ


Macedonia - Sculpture in front of the Macedonian Government building, Skopje, 04Aug2010

Macedonia - Sculpture in front of the Macedonian Government building, Skopje, 04Aug2010

Од петте понудени решенија за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата на Република Македонија, на онлајн анкетата која е во тек води решението број 1 во барокен стил, со 6008 гласови, или 28 проценти од сите гласови.
Поддршка за второто понудено решение за модерно издание на фасадата на Владата дале 27 проценти, по кое со 26 проценти следи третото решение со илуминации од народни мотиви. За четвртото и петтото идејно решение поддршката е седум, односно 10 проценти.
Службата за општи и заеднички работи на Владата на 12 овој месец објави оглас за изноѓање идејно архитектонско решение за реконструкција на постојната фасада на објектот на Владата кој вклучува обновување, репарација и санација на прозорците и фасадата.
XS
SM
MD
LG