Достапни линкови

Изградбата на Јужен тек ќе порани по упатството на Путин


Путин на потпишувањето на проектот Јужен тек во Сочи

Путин на потпишувањето на проектот Јужен тек во Сочи

Рускиот гигант за гас Гаспром соопшти дека ќе започне со изградбата на гасоводот Јужен тек кон крајот на оваа година. Компанијата соопшти дека тоа е во согласност со упатството на рускиот премиер Владимир Путин да се забрза проектот.
Гаспром усвои нов план, според кој, изградбата на нафтоводот треба да почне во декември 2012 година, наместо на 2013 година. Јужен тек има за цел да транспортира околу 63 милијарди кубни метри гас за Европа годишно.
Проектот вреден 20 милијарди долари ке го поврзе басенот на Црното Море со Австрија и Италија.
XS
SM
MD
LG