Достапни линкови

Регионалната соработка клучна за излез од кризата


Министерот за економија, Валон Сарачини.

Министерот за економија, Валон Сарачини.

Регионалната соработка е најдобриот начин за справување со светската економска криза, оценија по денешната средба во Скопје министрите за економија на Македонија и на Србија Ваљон Сарачини и Небојша Ќириќ. Според нив, приоритет во следниот период е зголемување на нивото на инвестиции од српска страна во Македонија, заеднички настап на трети пазари и надминување на отворените прашања, како што се нецаринските бариери, извозно увозните процедури, патните такси. На решавање на отворените прашања, најавија Сарачини Ќириќ, од март годинава ќе работи заеднички мешовит комитет, кој произлегува од договорот за економска соработка меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG