Достапни линкови

Македонија и Албанија со високо ниво на соработка


Арбен Имами

Арбен Имами

Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Фатмир Бесими и Арбен Имами денеска во Скопје оценија дека соработката меѓу двете земји во областа на одбраната и во евроатлантските интеграции е на исклучително високо ниво. ,,Интегрирањето на Македонија во НАТО е во најдобар интерес и за Албанија,, изјави Имами, изразувајќи надеж дека проблемот меѓу Македонија и Грција ќе се реши што е можно побрзо. Соработката, посочија Имами и Бесими, има простор да биде проширена и на многу други полиња, особено во насока на заедничка заложба за промоција на проектите „паметна одбрана“ и порационално користење на ресурсите во одбраната. Во тој контекст, од македонска страна, понудна е можност да се користи армискиот полигон „Криволак“ и Регионалниот центар за комуникации.
XS
SM
MD
LG