Достапни линкови

Французите ги прекинаа тренинг операциите во Авганистан


Францускиот претседател Никола Саркози денеска објави прекин на операциите за обука во Авганистан, откако еден авганистански војник уби четири француски војници. Тој исто така навести привремено повлекување на француските сили од Авганистан. ,,Не можам да прифатам авганистанските војници да пукаат врз француските,, изјави Саркози во Париз, најавувајќи дека министерот за одбрана Жерар Лонге веднаш ќе отпатува во Авганистан. Од неодамна главна задача на француските војници е обуката на авганистанските сили во рамките на повлекувањето на на странските сили најавено за 2014 година.
XS
SM
MD
LG