Достапни линкови

Белград бара србите на северно Косово да го одложат референдумот


Лидерите на Србите од северно Косово во следниве денови ќе го разгледаат предлогот на властите во Белград за одлагање на референдумот, најавен за 14 и 15 февруари, на кој србите треба да се изјаснат дали ќе прифатат воспоставување на косовските државни институции на подрачјето на северно Косово, објави белградскиот весник „Вечерни новости“.
Според весникот, на вчерашната средба со претседателите на општините Косовска Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан, српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ истакнал дека во овој момент не е неопходно спроведување на ваков референдум, бидејќи тоа би можело да ги урне дипломатските напори на Белград во преговорите со Приштина и да се одрази негативно врз одлуката на Брисел околу кандидатурата на Србија за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG