Достапни линкови

logo-print

Грција пред договор за отпишување на 100 милијарди евра долг


Премиерот Лукас Пападимос

Премиерот Лукас Пападимос

Преговорите меѓу Грција и приватните кредитори за намалување на грчкиот државен долг за 100 милијарди евра, влегуваат во финална фаза и веќе се договорени главните услови, така што во понеделник грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос ќе може да се појави пред своите колеги од Еврозоната со склучен договор, објавуваат денеска медиумите во Атина.
Анонимен претставник на грчката Влада изјави дека Грција и кредиторите пронашле „златно решение“ и се договориле за висината на каматната стапка на новите кредити што ќе и бидат исплатени на Атина по отписот на половина од сегашниот државен долг.
Според договореното, новите кредити за Грција ќе бидат со камата од три до пет проценти, во зависност од вредноста на државните обврзници, со што се создаваат услови Грција да добие нова позајмица од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд во висина од 130 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG