Достапни линкови

Албанскиот министер за одбрана Имами во посета на Македонија


Во официјална посета на Република Македонија денеска ќе прeстојува министерот за одбрана на Република Албанија, Арбен Имами.
Министерот Имами ќе биде примен од заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор Муса Џафери, а ќе се сретне и со министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими.
Како што е најавено, албанскиот министер Имами ќе оствари средба и со членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.
XS
SM
MD
LG