Достапни линкови

Македонија стигна до Белград со „Ниш експрес “


Стотици навивачи синоќа по ракометниот натпревар излегоа на плоштадот Македонија во Скопје да ја прослават победата на македонската репрезенатција. И на минусни температури,скопските улици добија црвено- жолта боја од бројните навивачи кои го славеа пласманот во вториот дел од Европското првенство.

Македонија синоќа ја порази репрезентацијата на Чешка со 27:21 во третото коло од натпреварите по групи на ЕП во Србија и со тоа обезбеди пласман во наредната фаза од натпреварувањето, што ќе се игра во Белград.

Следниот натпревар во Белград, Македонија ќе го игра в сабота против Данска во 18 часот и 15 минути. Останати натпревари од групата кои ќе се играат тој ден се Полска против Шведска и Србија против Германија.
XS
SM
MD
LG