Достапни линкови

logo-print

„Анонимуси“ објавија on line војна по затвaрањето на megaupload


​Американските власти ја затворија една од најголемите и најпознатите интернет страници за размена на компјутерски фајлови „ Мегааплоуд“. За 7 луѓе од реководството на фирмата е покренато обвинение за како што се вели во владиното соопштение „за еден од најголемите криминални случаи на злоупотреба на авториски права во САД“.

Како одговор на ова хакерската група позната како „Анонимуси“ најави нова ера со таканаречената акција „ Операција Мегааплоуд“ при што ги нападнаа интернет страниците на ФБИ, Министертвото за правда, и на филмската и музичката индустриска асоцијација.

Постапката на американските власти доаѓа за време на дебатата која се води во Конгресот за нова легислатива за „ on line “ пиратерија. Филмската и музичката индустрија бараат да се донесат нови закони против интернет пиратеријата со цел заштита на авторските права.
Веб енциклопедијата Википедија завчера ја затвори англиската страница за 24 часа во што ја следеа и други сајтови.
XS
SM
MD
LG