Достапни линкови

logo-print

Младиќ: Кадија те тужи, кадија ти суди


Одбраната на поранешниот воен лидер на босанските Срби генерал Ратко Младиќ побара од Хашкиот трибунал да се одложи стартот на судењето, односно наместо да започне според планираното во март, тоа да се случи во октомври за да може да се подготви за процесот.
Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница и злосторства против човештвото.
Адвокатот на Младиќ Бранко Лукич изјави дека е невозможно да се подготви за судењето до октомври со оглед на обемот на предметот и стотиците илјади страници документи што треба да ги прочита.
По излагањата на одбраната и обвинителството на претресот Младиќ му се обратил на судијата со „ другар Ори “ истакнал дека иако очекува „ фер судење“, му се чини дека целиот судски процес ќе биде како народната „ кадија те тужи – кадија ти суди“ јавуваат српските медиуми.
За време на претресот Младиќ неколку пати покажал непослушност и непочитување кон судот по што Судијата изјави дека следниот пат ако се однесува исто, иако е обвинет ќе го исфрли од судница.
XS
SM
MD
LG