Достапни линкови

Теута Арифи во работна посета на Велика Британија


Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи.

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи денеска се сретна со британскиот министер за европски прашања Дејвид Лидингтон, во рамки на работната посета на Велика Британија. На средбата, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Арифи ги презентирала активностите кои се преземаат во делот на спроведувањето на реформите од европската агенда особено во поглед на реформата на јавната администрација, судството и дијалогот со медиумите.

Министерот Лидингтон, како што е наведено, истакнал дека Велика Британија ја поддржува политиката на проширување на Унијата, а во тој контекст и интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Во рамки на посетата, Арифи се сретна и со Линдзи Хојл, заменик претседавач на Британскиот парламент, со лордот Ропер, претседавач на Комисјата за ЕУ во горниот дом на Британскиот парламент, со Вилијам Кеш, претседавач на Комисјата за европски прашања во Долниот дом на Парламентот и со Даниел Френ, шеф на одделот за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Велика Британија.
XS
SM
MD
LG