Достапни линкови

Рик Пери се откажа од претседателската трка на Републиканците


Гувернерот на Тексас Рик Пери.

Гувернерот на Тексас Рик Пери.

Гувернерот на Тексас Рик Пери се откажа од трката да биде кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, кој треба да му се спротивстави на актуелниот претседател Барак Обама на изборите во ноември годинава.

Зборувајќи на прес-конференција во Јужна Каролина, Пери ја поддржа кандидатурата на поранешниот спикер на Претставничкиот дом, Њут Гингрич.

Пери, според анкетите, беше фаворит на Републиканската партија во август минатата година, но направи серија гафови во кампањата и на дебатите со останатите кандидати.
XS
SM
MD
LG