Достапни линкови

ЕК го почна дијалогот за визна либерализација со Косово


Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром.

Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром.

Еврокомесарката за внатрешни работи Сесилија Малстром денеска во Приштина го започна дијалогот за визна либерализација со Косово, информираат од прес-службата на Европската комисија.

Сепак, укинувањето на визите за граѓаните на Косово ќе биде можно откако Владата ќе ги спроведе суштинските реформи во клучните области, како што се безбедноста на патните исправи, безбедноста на границите, миграцијата, како и да го намали бројот на азилантите во европските држави.

Потоа треба да спроведе реформи во зачувување на јавниот ред, како и останати безбедносни прашања пред се борбата против организираниот криминал и корупцијата и основните права кои се однесуваат на слободата на движење, се наведува во соопштението на ЕК.
XS
SM
MD
LG