Достапни линкови

Расправа за укинување на престапната секунда


Меѓународната телекомуникациска унија.

Меѓународната телекомуникациска унија.

Делегати од 70 земји во Меѓународната телекомуникациска унија, што е агенција на ОН во Женева, расправаат дали да се укине престапната секунда.

За разлика од престапните години, кога секоја четврта година на февруари му се додава по еден ден, престапната секунда се додава во еден ден на секои неколку години за да се синхронизира атомското време, што се користи од компјутерските системи и астрономското време, кое се определува од движењето на земјата околу сонцето и вртењето околу сопствената оска.

Престапната секунда беше воведена во 1972 година и од тогаш е додадена 34 пати.

САД бараат укинување на престапната секунда, образложувајќи дека човечка грешка во прилагодувањето на астрономското време може да има сериозни последици. Други земји, меѓу кои и Велика Британија, посочуваат дека од кога беше воведена престапната секунда пред 40 години немало никакви проблеми.

Се очекува, делегатите на состанокот на Меѓународната телекомуникациска унија да донесат одлука до 17 февруари. Дури и да се донесе одлука за укинување на престапната секунда, таа нема да биде укината до 2018 година.
XS
SM
MD
LG