Достапни линкови

Расмусен - Русија троши пари на борба со вештачки непријател


Шефот на НАТО, Андрес Фог Расмусен.

Шефот на НАТО, Андрес Фог Расмусен.

Шефот на НАТО, Андрес Фог Расмусен ја повика Русија да се воздржи од зајакнување на армијата во близина на границите на Алијансата, нарекувајќи го таквиот чекор непотребно фрлање пари. Русија предупреди дека планира да распореди ракети Искандер во својата ексклава Калининград, која се граничи со членките на НАТО, Литванија и Полска, откако не успеа да се договори со Алијансата за против-ракетниот штит. Расмусен, денеска во главниот град на Литванија Вулнус, изјави дека руските планови се насочени кон „вештачки непријател, непријател што не постои“. Претседателката на Литванија Далија Грибаускаите рече дека постапките на Москва не ја зголемуваат довербата меѓу НАТО и Русија.
XS
SM
MD
LG