Достапни линкови

logo-print

Без огрев на температури под нулата


Берка Селим од Дебар живее со 900 денари месечно од социјална помош .

Берка Селим од Дебар живее со 900 денари месечно од социјална помош .

Берка Селим од Дебар, зимата ја поминува без огрев, често нема ни струја. Прима социјална помош од 500 денари кои не и стасуваат ниту за лекови.

Во Дебар е во пораст бројот на семејствата кои се соочуваат со екстремна сиромаштија. Од околу 900 семејства кои добиваат социјална помош, еден помал дел овие јануарски денови ги минуваат без огрев, а често и без електрична енергија.
Деновиве како што гледате температурите се под нулата. Дрва немаме. Ако некој помогне им се заблагодаруваме. Живеам со лекови, таблети. Никој не презема мерки да дојде и да не види во каква состојба живееме. Овде спиеме, гледате ни капи над глава.

Во една стара напуштена куќа во Дебар живеат две сиромашни семејства. Семејството на Берка Селим е двочлено. Таа се соочува со крајна сиромаштија.

„Деновиве како што гледате температурите се под нулата. Дрва немаме. Ако некој помогне им се заблагодаруваме. Живеам со лекови, таблети. Користам дијазепам, апаурин, цело време сум по лекари, а имам и очен притисок. Никој не презема мерки да дојде и да не види во каква состојба живееме. Овде спиеме, гледате ни капи над глава“, вели Берка.

Берка Селим вели дека и самата не е свесна како ќе ја помине Куќата на Берка Селим од Дебар

Куќата на Берка Селим од Дебар

оваа зима. Покрај сиромаштијата, таа подвлекува дека при питачењето се соочува и со бројни навреди, кои и нанесуваат дополнителна болка.

„Одиме често покрај езерото за да најдеме дрва и штици. Најдов деновиве еден стар кауч, со чии дрва се греевме. Но од чадот ќе се задушевме, а грлото ме боли се
И самата не знам како ќе ја минеме оваа зима. Никој не помага, се молам на господ тој да помогне .

уште. И самата не знам како ќе ја минеме оваа зима. Никој не помага, се молам на господ тој да помогне “, нагласува 44-годишната Берка.

РСЕ: Колку добивате социјално?

„500 денари. Со 500 денари, мене не ми стигнува ни за таблетите, а не ли за леб.“

Но ова семејство не е единствено што овие зимски денови ги минува без огрев. Уште најмалку дваесетина други семејства во Дебар немаат огрев, а добар дел од нив немаат ниту електрична енергија.

По нова година видно е зголемен и бројот на семејствата кои бараат храна од народна кујна отворена од страна на центарот за Социјални работи во Дебар. Во Центарот велат дека има доставено барање до Министерството за труд и социјална политика за зголемување на бројот на корисници на кујната кој во моментов е сто, но засега нема одговор.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG