Достапни линкови

logo-print

Британски дипломати сепак ја шпионирале Русија


Џонатан Пауел, шеф на кабинетот на поранешниот премиер Тони Блер.

Џонатан Пауел, шеф на кабинетот на поранешниот премиер Тони Блер.

Поранешен британски функционер за прв пат призна дека Британија користела лажни камења опремени со електронска опрема да ја шпионира Русија. Москва во 2006 година обвини британски дипломати дека користеле предавател скриен во еден московски парк за да добиваат разузнавачки информации од руски агенти. Британската влада претходно одбиваше да разговара за инцидентот. Шефот на кабинетот на тогашниот премиер Тони Блер, Џонатан Пауел, во документарец на Би-Би-Си изјави дека Русија некое време знаела за скриениот предавател и оти го користела за политички причини. Кратко по инцидентот, тогашниот руски претседател Владимир Путин воведе закон со кој се ограничува финансирањето НВО-а од странство.
XS
SM
MD
LG