Достапни линкови

Мушараф да не се враќа во Пакистан


Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф.

Поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф.

Помошниците на поранешниот пакистански претседател Первез Мушараф велат дека му советувале да го одложи планираното враќање во земјата, но дека останува на него да ја донесе конечната одлука.

Мушараф беше принуден да се повлече, откако изгуби на изборите во 2008 година. Од тогаш, тој живее во егзил во Дубаи и во Лондон. Минатата недела тој најави дека планира да се врати во земјата кон крајот на овој месец, за да се подготви за парламентарните избори во 2013 година.

Министерот за внатрешни работи Рехман Малик изјави дека Мушараф ќе биде уапсен ако се врати.

Поранешниот претседател се соочува со неколку обвиненија, вклучувајќи и тоа што не успеал да обезбеди адекватна безбедност на поранешната премиерка Беназир Буто пред нејзиниот атентат во 2007 година.
XS
SM
MD
LG