Достапни линкови

Сите земји од Западен Балкан во ЕУ и НАТО


Даниел Сервер

Даниел Сервер

Соединетите држави треба да ја продолжат поддршката со цел сите земји од Западен Балкан да станат членки на Европската унија и НАТО. Ова е оценето на на трибината на Американскиот Хелсиншки комитет во Вашингтон на тема ,,Западен Балкан и НАТО самитот во 2012,,. На трибината Даниел Сервер од Џон Хопкинс Универзитетот се заложи за влез на Македонија и Црна Гора во НАТО на Самитот во Чикаго во мај, оценувајќи дека само на тој начин ќе биде исправена неправдата кон Скопје од последниот самит на Алијансата. Според него, БиХ, Србија и Косово не се подготвени за влез во НАТО. Од друга страна Нида Гелазис од Вудро Вилсон центарот оцени дека за влез на Македонија во НАТО треба да се почека договорот меѓу Скопје и Атина.
XS
SM
MD
LG