Достапни линкови

Фридом хаус: Македонија делумно слободна земја


Во најновиот Индекс за слободата во светот што го објавува организацијата за човекови права Фридом хаус, Македонија и натаму е во групата делумно слободни земји. Во оваа група се наоѓаат 60 држави, или 31 насто од оние што се вклучени во прегледот. Во делумно слободни, меѓу другите, се и Босна и Херцеговина, Косово, Украина, Молдавија, Пакистан, Ерменија, Киргизстан и Грузија. Од регионот во групата слободни земји се Србија, Црна Гора и Хрватска, додека Грција бележи пад во политичките права, поради инсталацијата на технократ за премиер без избори. Во индексот, меѓу другото, се констатира дека народните востанија во Арапскиот свет во минатата година ги инспирираа луѓето кои живеат во угнетувачки општества.
XS
SM
MD
LG