Достапни линкови

Арифи во посета на Велика Британија


Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи од денеска, на покана на министерот за европски прашања Дејвид Лидингтон, престојува во работна посета на Велика Британија. За време на посетата, покрај средбата со својот колега Лидингтон, вицепремиерката Арифи ќе се сретне со Линдзи Хојл, заменик претседавач на Парламентот, со Даниел Френ, шеф на одделот за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, како и со други претставници на британскиот Парламент и Фондацијата „Фејт“ на Тони Блер.
XS
SM
MD
LG