Достапни линкови

Германски пратеник со обвинувања против Русија


 Петер Витинг

Петер Витинг

Германски пратеник ја обвини Русија за попречување на Советот за безбедност при Обединетите нации во превземањето на одлучна акција против режимот во Сирија, каде антивладини демонстранти се судираат со власта. Германскиот амбасадор во Обединетите нации Петер Витинг рече дека Русија превземала „многу намерни одлуки“ за подршка на режимот на сиријскиот претседател Башар ал Асад, со што го попречила Советот за безбедност да превземе „насочени мерки“ против сиријскиот режим. Коментарите на германскиот политичар следат по изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој рече дека Русија и Кина ќе продолжат со попречување на воена интервенција на Советот за безбедност во Сирија.
XS
SM
MD
LG