Достапни линкови

logo-print

Русија ќе застане против странска интервенција во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да даде објаснување за сомежите дека испорачува оружје во Сирија. Тој рече дека не мисли оти е потребно да објаснува или да се правда затоа што Русија не прекршила никакви меѓународни договори или резолуции на Советот за безбедност. Ние со Сирија тргуваме стоки што не се забранети со меѓународните закони, рече Лавров.

САД претходно изрази сомнеж дека руски брод испорачал оружје во Сирија.

Лавров рече дека Русија цврсто ќе застане против странска интервенција во Сирија.
XS
SM
MD
LG