Достапни линкови

Украинскиот министер за финансии поднесе оставка


Украинскиот министер за финансии Федир Јарошенко.

Украинскиот министер за финансии Федир Јарошенко.

Украинскиот министер за финансии Федир Јарошенко денеска поднесе оставка по критиките за буџетот и тмурните економски прогнози од претседателот Виктор Јанукович. Тој не ги соопшти причините за оставката. Јанукович веднаш го назначи шефот на безбедносните служби Валериј Хорошковски за нов министер за финансии. Хорошковски беше министер за економија од 2002 до 2004 година. Украина, чија економија многу зависи од транспортот на руски гас за западот, не успеа да се договори за цените на гасот со Русија. ММФ, исто така, го замрзна кредитот од 15 милијарди долари за земјата.
XS
SM
MD
LG