Достапни линкови

Парламентарните избори во Грција во април


Грчкиот парламент.

Грчкиот парламент.

Предвремените парламентарни избори во Грција ќе бидат одржани во текот на април годинава, до кога актуелната Влада би требало да ги спроведе неопходните реформи со цел земјата да избегне банкрот, изјави грчкиот премиерот Лукас Пападимос во интервју за весникот „Њујорк тајмс“, без при тоа да го прецизира точниот датум на изборите.

Трите партии кои учествуваат во Владата на технократот Пападимос, во ноември се договорија изборите да се оддржат во средината на февруари, но тој термин е пролонгиран со цел на Владата да и се даде дополнително време за целосно спроведување на програмата за штедење на што инсистираат Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, како услов за доделување нова помош на Грција.
XS
SM
MD
LG