Достапни линкови

Орбан - Колај работа со критиките од ЕУ


Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пред Европскиот парламент изјави дека загриженоста на ЕУ за демократските слободи во неговата земја може лесно да се реши. Орбан рече дека решавањето на проблемите „нема да биде проблем“.

Владата на Орбан е на мета на остри меѓународни критики, откако донесе серија закони и уставни амандмани за кои критичарите тврдат дека ја концентрираат моќта на едно место.

Европската комисија вчера соопшти дека собрала доволно докази да почне судска постапка против Унгарија за три области – судство, Централна банка и администрација за заштита на податоците, за кои смета дека се закана за демократијата.
XS
SM
MD
LG