Достапни линкови

Уште три дена распуст, ама не за сите


Студеното време го продолжи зимскиот распуст, барем во некои градови. МОН даде препорака второто полугодие наместо в петок, да почне в понеделник. На општините останува да решат дали ќе има продолжен распуст.

За некого второто полугодие ќе почне в петок, за некого в понеделник. Не сите ученици ќе добијат уште три дена распуст. Министерството препорача, поради студеното време, второто полугодие наместо в петок да започне в понеделник.
Затоа што школите се ладни, незагреани, надвор времето е многу ладно и треба ние многу, многу енергија да потрошиме за еден да загрееме и после пак два дена ќе се оладат, па пак за понеделник да ги грееме.

Министерот Панче Кралев рече дека препораката се должи на голем број барања на градоначалници и директори на училишта во општините во кои овие денови е многу студено. МОН препрачува, но не одлучува, одлуката им останува на градоначалниците.

Оние од западна Македонија, каде е и најстудено, распустот ќе го продолжат уште за три дена. Градоначалникот на Охрид Алeксандар Петрески вели дека тие уште пред десетина ден побарале одложување на почетокот на второто полугодие. Во Охрид в петок ќе нема настава во училиштата.

„Затоа што школите се ладни, незагреани, надвор времето е многу ладно и треба ние многу, многу енергија да потрошиме за еден да загрееме и после пак два дена ќе се оладат, па пак за понеделник да ги грееме.“
Со овие грејни тела тешко би се загреале училниците на тоа ниво што го бара образованието.

И од Струга велат дека предвид треба да се земе временската прогноза за подолг период и ако студеното време трае, да се прилонгира распустот.

„Со овие грејни тела тешко би се загреале училниците на тоа ниво што го бара образованието“, вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.
„Пингвин е најомиленото домашно милениче на битолчани“, статус од социјалните мрежи.

„Пингвин е најомиленото домашно милениче на битолчани“, статус од социјалните мрежи.


И од град Скопје соопштуваат дека училиштата со настава продолжуваат во понеделник.

Студеното време ги инспирираше и граѓаните. Па така по социјалните мрежи паѓаат шеги на сметка на битолчани, затоа што овие денови тие живеат на минус 20, а освен тоа често снемуваат струја.

Сметаме дека она што се доработува никогаш не е до крај завршено и програмски не се пополнува во наставната програма онака како што треба и од тој аспект не сме многу обожаватели на тие слободни денови и доработувања во сабота.
„Градската маскота Рис треба да се замени со Пингвин.“

„Пингвин е најомиленото домашно милениче на битолчани.“

„И пингвините ќе се селат во Македонија каде се е замрзнато - и радијаторите и платите.“

До такви дека „битолските навивачи наместо чкембари ќе ги нарекуваат пингвини“, но и „Гевгеличани им нудат прибежиште на поларните битолчани.“

„Битолчани одат во Ниш, не за да навиваат, туку да се стоплат.“

Но за разлика од запад, на истокот на земјата нема зима. Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски вели дека кај нив в петок ќе се учи како што беше планирано.

„Сметаме дека она што се доработува никогаш не е до крај завршено и програмски не се пополнува во наставната програма онака како што треба и од тој аспект не сме многу обожаватели на тие слободни денови и доработувања во сабота.“

За сите оние кои ќе одлучат второто полугодие да започне в понеделник, додадениот ден во зимскиот распуст учениците и наставниците да го одработат во април.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG