Достапни линкови

САД ја поддржуваат Македонија за решавање на спорот за името


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер.

САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската интеграција на земјава, а двете страни во спорот за името ги охрабруваат да изнајдат взаемно прифатливо решение што ќе го деблокира интегрирањето во Алијансата, се соопштува по средбата меѓу Рикер и Иванов.

Главна тема на средбата меѓу македонскиот шеф на државата Иванов и заменик помошникот на државниот секретар на САД Филип Рикер била актуелната состoјба во разговорите за надминување на спорот со Грција.
Македонската реакција на пресудата беше за поздравување и придонесе кон создавање подобра атмосфера за надминување на спорот.

САД и натаму ја поддржуваат евроатлантската интеграција на земјава а двете страни во спорот за името ги охрабруваат да изнајдат взаемно прифатливо решение што ќе го деблокира интегрирањето во Алијансата се соопштува по средбата.

Иванов го информирал Рикер за исходот од средбите во Њујорк при што рекол дека загрижува недостатокот на волја кај грчкото раководство за надминување на прашањето но и за продолжување Средба на претседателот Ѓорге Иванов со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со заменик-помошникот државен секретар на САД Филип Рикер

на практиката на директни средби меѓу двете држави. Што се однесува до македонската страна Иванов рекол, велат од кабинетот дека сме подготвени за активно и конструктивно учество во спорот со очекувања да се почитува времената спогодба и пресудата од Хаг.

„Македонската реакција на пресудата беше за поздравување и придонесе кон создавање подобра атмосфера за надминување на спорот“, рекол Рикер.
Подготвени сме за активно и конструктивно учество во спорот со очекувања да се почитува времената спогодба и пресудата од Хаг.

Било констатирано и дека двете земји ќе продолжат тесно да соработуваат во насока на реализација на крајната цел, полноправно членство во Алијансата и во тој контекст го поздравил долгогодишниот ангажман и високиот професионализам на македонските мировници во меѓународните мисии. Рикер денеска повтори дека пресудата треба да биде охрабрување за побрзо изнаоѓање решение во спорот за името. Претпладнево тој се сретна и со лидерот на опозициската СДСМ на која ккао што се вели во соопштението Црвенковски дал свое видување на внатрешните состојби во земјата како и на одредените области во насока на интегрирањето на Македонија во Алијансата.

Рикер во Македонија ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски, вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за одбрана Фатмир Бесими.

Освен Македонија на агендата на заменик државниот секретар на САД во рамките на регионалната посета се наоѓаат и Косово, Турција и Србија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG