Достапни линкови

Битолчани ќе чекаат топловод уште 2 години


Илустрација.
Илустрација.

Битола уште две години ќе чека топлификација од РЕК. Во 2014-та треба да заврши проектот според кој граѓаните ќе се греат преку топловод од РЕК Битола. Проектот ќе чини околу 35 милиони евра.

Со ниските температури во Битола повторно се актуелизира темата за изградба на топловод од РЕК кој ќе обезбеди ефикасно и економично греење за стотина илјади граѓани од Битола, Новаци и Могила. Дури по три децении од постоењето на комбинатот сега се прават планови градот да добие некој бенефит од РЕК кој го има на своја територија и го трпи загадувањето од него. Најголемиот дел од проектот ќе го финансира ЕЛЕМ.
Ние преземаме одговорност секаде каде секундарната мрежа има проблеми да ја санираме и да направиме можност за што поголем број корисници зашто само така ќе биде исплатливо.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

„Последниот состанок беше задолжување на ЕЛЕМ да направи посебен доел, тоа го прави деновиве, тие веќе ги формираат Управниот и Надзорниот одбор на новиот доел. Очекувам 2012 година да биде завршен проектот за топлификација на Битола и се надевам доколку финансиски ЕЛЕМ е моќен да почне и реализација на овој голем проект“, изјави градоначалникот Владимир Талески.

ЕЛЕМ ќе треба да ја изгради примарната мрежа за пренос на
топлината, а општините секундарната.

„Се обидуваме да најдеме начин со веќе постоечката секундарна мрежа во градот, на кој начин таа може да се преземе и кој со неа ќе стопанисува бидејќи таа и припаѓа на граѓаните. Ние преземаме одговорност секаде каде секундарната мрежа има проблеми да ја санираме и да
Tој топловод од РЕК до градот чини пари. Тоа не е евтина работа, тоа е скапа инвестиција меѓутоа долгорочна бидејќи цената на струјата постојано расте.
Ристо Цицонков, универзитетски професор.
направиме можност за што поголем број корисници зашто само така ќе биде исплатливо“, вели Талески.

Експертите велат дека се работи за скап проект. Професор Ристо Цицонков од Машинскиот факултет изјави:

„Tој топловод од РЕК до градот чини пари. Тоа не е евтина работа, тоа е скапа инвестиција меѓутоа долгорочна бидејќи цената на струјата постојано расте. Треба да се направи само сметка ако биде исплатливо зошто да не. Таа топлина преку кулите се исфрла во атмосферата, наместо тоа може да се користи за топлификација.“

Проектот ќе чини околу 35 милиони евра, а Битола затоплување ќе добие до 2014 година.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG