Достапни линкови

Студот го одложи почетокот на второто полугодие за понеделник


Илустрација.

Илустрација.

Министерството за образование препорача второто полугодие во сите основни и средни училишта во Македонија да почне во понеделник, наместо во петок, поради екстремно ниски температури во некои општини, пред се во западниот дел на државата.

Министерот Панче Кралев рече дека препораката се должи на голем број барања на градоначалници и директори на училишта во општините во кои овие денови е многу студено.

Министерството препорачува додадениот ден во зимскиот распуст учениците и наставниците да го одработат во април.

„Веруваме дека сите општини ќе донесат одлука за одложување на наставата од понеделник. Ова не можеме да го наметнеме и затоа даваме препорака, исто како што направивме и за превисоките температури на почетокот на учебната година“, рече Кралев.
XS
SM
MD
LG